(ВИДЕО) Се допирал гледајќи жена која вежбала па добил забрана на пристап во теретаната:„Апсолутно дно од однесување“

Мажот кој е уловен како се самозадоволува гледајќи жена која прави клекнувања сега добил доживотна забрана за пристап на теретаната во која се случил овој инцидент.
Ситуацијата ја разоткрила корисничка на теретаната која забележала дека мажот раката ја држи во гаќичките и ја набљудувал девојката која пред него прави клекнувања. Се’ снимила а видеото го објавила на Твитер.


Се’ се одиграло во една теретана во јужноафриканскиот град Стелебош, а корисничката на Твитер која го објавила видеото имала намера да го направи вирален хит за да мажот ги сфати последиците од своето однесување.
На снимката се гледа дека мажот и не се труди премногу да скрие што прави.
„Сакам лицето на овој маж да стане вирално. Апсолутно дно од однесување“, напишала на Твитер.
Локалните медиуми бргу почнале да известуваат за инцидентот а теретаната презела мерки и на мажот доживотно му укинала членството во сите нивни објекти.
Корисниците на Твитер го осудиле ваквото однесување кое го сметаат за „изопачено“.
Не е познато дали се превземени било какви дејствија, односно дали полицијата се вклучила во овој случај.
Фото: Твитер

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …