(ФОТО) Како реагирала Дескоска кога непознати лица и оставиле метла пред министерството?

Вчера пред Министерството за правда непознати лица оставиле метла, која министерката за правда Рената Дескоска ја прибрала внатре, како што вели, за да мете криминал и корупција во Република Северна Македонија.

„Ви благодариме за овој златен подарок – златна метла. Златна метла во правда може да биде за метење криминал и корупција. Се надеваме дека со носењето на Законот за Јавното обвинителство ќе се исполни оваа насушна потреба на граѓаните. Затоа, охрабрете се – заедно да го изгласаме и да создадеме можност да се измете криминалот и корупцијата!“, напиша Дескоска на Facebook“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …