(ВИДЕО+ФОТО) Прв поглед на „Angel Has Fallen“ со Џерард Батлер и Морган Фримен

Дојде време за нов филм на Џерард Батлер во кој игра таен агент кој ја штити Белата куќа…


„Кога е направен обид за атентат на претседателот на САД, Алан Тримбул (Морган Фримен), неговиот доверлив повереник, агентот на тајната служба Мајк Бенинг (Џерард Батлер) е погрешно обвинет и одведен во притвор. Откако избегал од заробеништво, станува човек во бегство и мора да ја одбегне сопствената агенција и да го надмудри ФБИ за да ја пронајде вистинската закана за претседателот. Очајнички настојувајќи да ја пронајде вистината, Бенинг се свртува кон неверојатни сојузници за да му помогнат да си го исчисти името, да го заштити неговото семејство од злото и да ја спаси земјата од непосредна опасност..“, е накусо содржината на филмот „Angel Has Fallen“ чија премиера се очекува на 23. август.



Режијата ја потпишува Рик Роман Воуг, а сценариото е на Кетрин Бенедикт и Роберт Марк Кајмен.
Главните улоги ги толкуваат: Џерард Батлер, Морган Фримен, Џада Пинкет – Смит, Ник Нолт, Ленс Редик, Тим Блејк нелсон, Пипер Парабо, Дени Хјустон.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …