Светски познатата пејачка Лејди Гага се подготвува за настап на инаугурацијата на новиот претседател на Соединетите држави, Џо Бајден, што ќе се одржи денес во 18. часот по европско време и таа не е единствената пејачка која пристигна во Вашингтон да настапи на оваа церемонија.
Имено, познатата пејачка, по потекло од Италија, објави фотографија од Капитол во Вашингтон, каде позира во сите бели бои, а напиша дека многу се моли за подобро утре во земјата во која живее.
За време на пробата прво им оддаде почит на војниците, а по тој повод носеше „ангелска“ комбинација на облека. Гага носеше бел мантил, бела заштитна маска на лицето, додека косата ја сплела во две плетенки. Им се заблагодари на војниците и потоа отиде во Капитол каде објави фотографија на социјалните мрежи, па напиша:
„Се молам утре да биде ден на мирот за сите Американци. Ден за љубов, а не за омраза. Ден за прифаќање, а не за страв. Ден да сонуваме за нашата идна радост како земја“, започнала таа.
View this post on Instagram
„Сон кој не е насилен, сон кој обезбедува сигурност на нашата душа. Со љубов од Капитол“, заклучи Лејди Гага и собра 1,8 милиони лајкови на објавата, додека на Инстаграм ја следат 45,7 милиони следбеници.
View this post on Instagram
Покрај Лејди Гага, во Вашингтон пристигнаа и пејачите Џенифер Лопез, како и Џон Леџенд и неговата сопруга, кои исто така ќе настапат на овој голем настан.
View this post on Instagram
Џеј Ло носеше карирано одело и имаше црна маска над лицето додека ја креваше косата во опашка. Се фотографираше и со американски војници и објави кратко видео додека правеше селфи.
Да потсетиме, Џо Бајден ќе положи заклетва денес како 46-ти претседател на САД, на 59-та церемонија на инаугурација, и за разлика од претходните церемонии, традиционалните говори, настапи и поранешни претседатели ќе се појават пред мала, физички оддалечена публика, со заштитни маски, и во градот кој беше заклучен и поради пандемијата и поради безбедносни закани.
Фото: Instagram