(ФОТО) Албумот „Тафталиџе шафл“ на Влатко Стефановски номиниран за европската награда „Импала“

Со својот најнов проект нашиот светски познат музичар повтоно го сврте вниманието на себе…
Албумот на познатиот македонски музичар Влатко Стефановски – „Тафталиџе шафл“ (Taftalidze Shuffle) се најде помеѓу 25-те номинирани албуми од сите делови на Европа за 11-то издание на наградата „Импала“.
„Тафталиџе шафл“, објавен за најголемата регионална дискографска куќа „Croatia Records“ е номиниран за најдобар албум од страна на членовите на Регионалното здружение на независни дискографи (РУНДА).

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Vlatko Stefanovski (@vlatko_stefanovski_official)


„Оваа година списокот вклучува 25 врвни албуми. Ова е одличен начин да се посочат одлични музичари што доаѓаат од разни делови на Европа. 2020 година беше тешка година, но оваа листа на номинирани е ветер во грб за добар почеток на 2021 година“, вели извршниот директор на „Импала“, Хелен Смит.
Номинираните албуми носат разновидни музички стилови кои се движат од фински поп до француска електроника, преку балканска ска-музика и дански блуз па сè до еклектичен музички израз на номинираните британски изведувачи.


„Тафталиџе шафл“ е ново студиско издание на македонскиот виртуоз посветен на неговото Скопје и неговото маало Тафталиџе, кое има посебно место во неговото срце. Авторството на музиката, текстовите и аранжманите, како и продукцијата на сите 9 песни, ги потпишува самиот Влатко.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бројни реакции – Брус Вилис снимен во Лос Анџелес: Изгледал дезориентиран, глетката ги растажила обожавателите

Брус Вилис е снимен во Лос Анџелес. Актерот делувал дезориентирано поради битката со афазија и …