(ВИДЕО+ФОТО) Пике ја оставил Клара: Децата се уште му се во срцето, повеќе не можел да живее без синовите

Жерар Пике пристигнал во Мајами каде конечно повторно ќе ги види своите деца. Поранешниот фудбалер не ги видел синовите Милан и Саша повеќе од еден месец.


Децата се со Шакира во сончевиот Мајами, а Жерард бил забележан од папараците на аеродромот, иако се обидел да се сокрие зад очилата за сонце.

View this post on Instagram

A post shared by 🌟🐸🌟Enredados Internacional🌟🐸🌟 (@enredadosinternacional)


Очигледно решил да не ја носи Клара Чиа Марта на ова патување, што довело до разделба, а медиумите пишуваат дека сигурно не и било лесно да остане сама во Барселона. Да потсетиме, папараците таму буквално ја прогонуваат, па морала дури и да побара стручна помош. Љубовничката на Пике извесно време морале да ја чуваат телохранители, пренесуваат шпанските медиуми.


Спортистот сепак се труди барем малку да и олесни, па двајцата неодамна го поминале годишниот одмор во Дубаи. Како што пишуваат шпанските медиуми, ова патување било роденденски подарок за Клара. Црвената роза во нејзините раце во ова видео е веројатно доказ за оваа романтична идеја.

Сега дошол моментот да ги помине своите „загарантирани“ десет дена со децата. Покрај овој период, Пике има право да ги однесе Саша и Милан во Шпанија, како и да патува со нив заедно со своите родители.
Единствената која е исклучена од овие договори е, може да се каже, Клара, но Жерар покажал дека ништо нема да го спречи да биде со децата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …