Иако беше позната како една од жените со најсовршено лице врз основа на анализата што ја направија експертите според теоријата на златниот пресек, омилената холивудска актерка ги изненадила сите со својот изглед при последното појавување во јавноста.
Оскаровката Натали Портман гостуваше во „The Late Late Show“ со Џејмс Корден, каде што зборуваше за нејзиниот нов документарен филм од три дела на HBO наречен „Angel City“ за започнувањето на женската фудбалска лига во Лос Анџелес, но со нешто друго го привлекла вниманието на гледачите.
Се чини дека 41-годишната актерка по примерот на другите колешки посегнала по филери и ги наполнила јаготките со хијалуронска киселина и го коригирала носот.
„Имаше толку уникатна убавина, не ми се верува дека се претвора во иста како сите други“, „Толку убаво, софистицирано лице за да го направи ова“, „Што правеше таа со лицето?“, „Таа има тотално ново лице“, „Изгледа како Деми Мур“, „Немаше да знам која е да не пишуваше“, се коментарите кои се раширија на социјалните мрежи по завршувањето на шоуто.
Инаку, Натали поради својата природна убавина се најде на листите за најубави жени на светот, а многумина и се восхитуваа бидејќи барем до неодамна не правеше естетски зафати.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram