ПОЗНАТА АКТЕРКА ПОЧИНАЛА НА 92 ГОДИНИ: „Беше 43 години без татко ми, 30 години без цигари и 20 години без пијалок, а сега е со нејзиниот татко…“

Актерката Барбара Јанг почина на 92-годишна возраст во болница во Кембриџ, опкружена со своето семејство. Веста ја соопштила нејзината ќерка Лиза Пулман која со трогателни зборови се простила од мајка си.
Барбара Јанг беше позната, меѓу другото, и по улогата на Дорин Фенвик во серијата „Cornation Street“, актерката почина минатиот четврток, а Лиза веста ја објави вчера на Инстаграм, а која ја пренесоа бројни светски портали, како што е „Daily Mail“.

This image has an empty alt attribute; its file name is barbara-jang-1.jpg


– Само да знаете дека мојата убава, блескава, тврдоглава, гласна, срдечна, талентирана и неповторлива мајка почина во четвртокот вечерта во 22:30 часот. Мојата сестра Кори и јас бевме покрај нејзиниот кревет во болница 30 часа без прекин и на крајот, како што често се случува, таа почина додека бевме отсатни, покрај прекрасна сестра Мерси (мора да го напишам тоа) која се грижеше за неа – напишала Лиза.

Причината за смртта на актерката Барбара Јанг не е објавена
Ќерката на актерката се заблагодарила на болницата за грижата на нејзината мајка и додала:
– Беше 43 години без татко ми, 30 години без цигари и 20 години без пијалок, но никогаш не беше неискрена и сакам да мислам дека сега седи со татко ми и пие големо мартини и пуши цигара. Сега навистина може да прави што сака.
Јас сум ќерка на татко ми и оние кои добро ме познаваат знаат дека ми недостасуваат зборови, но денес навистина немам зборови да опишам колку ќе ми недостига мајка ми. Ти беше одлична мајка, патувај безбедно.


Барбара Јанг, 9 февруари 1931 година – 27 април 2023 година


Актерката играше во „Cronation Street“ во 1961, 1982 и 1991 година. Барбара Јанг играше и во „The Bill“ како и во сапуницата „Family Affairs“. На списокот со нејзините улоги се и онаа од „Last of the Summer Win“ и „Hollyoaks“ и од краткиот филм „Sailor Boy”“. Нејзиниот последен актерски ангажман беше во британско-германскиот биографски филм „The Keeper“ во 2018 година.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …