105-годишна жена ја открила тајната на нејзината долговечност – и тоа ќе шокира многумина од вас. Родена во 1913 година, Бренда Озборн ги преживеала двете светски војни и земала само еден слободен ден во нејзината 33-годишна кариера како медицинска сестра. Бренда Озборн го прослави својот 105 роденден и вели дека ова е нејзината тајна за долговечноста…
Бренда е родена во Менсфилд, Нотингем и живеела во нејзиниот дом каде што пораснала и неверојатни 93 години пред да се пресели во дом за нега минатата година. Но, таа тврди дека никогаш не би стигнала до каде што е сега доколку имала сопруг.
– Моето добро здравје би го препишала на напорната работа и избегнувањето на мажите, изјавила Бренда. Сакав да го славам мојот роденден иако бев разочарана што кралицата не дојде. Добив писмо од неа, но мислев дека појавувањето е најмалку што може да го направи.
View this post on Instagram
Бренда одела во училиштето „Картер Лејн“, а потоа и во гимназијата „Кралица Елизабета“ и сакала да се одмора во нејзиниот караван во Инголдмелс.
Таа првпат започнала да работи во болницата Викторија во 1940 година, лекувајќи ранети ветерани од Данкерк. Таа станала асистент медицинска сестра во 1946 година, а потоа и виша медицинска сестра во 1953 година. Таа сега живее во Домот за стари лица Брукхолм Крофт во Хасланд каде го прославила својот 105-ти роденден со забава, а правнуката на Бренда го кажала следново за настанот:
– Беше прекрасен ден за прослава со сите нејзини најблиски. Домот за стари лица навистина се потруди, се добро испланираа и организираа за овој роденден да биде посебен. Тетка ми која живее повеќе од еден век не ме изненади бидејќи секогаш беше жестоко независна. Таа дури минатата година се преселила во дом за стари лица и се шегува дека нејзината тајна за долг живот е избегнувањето на мажите – затоа што тие не вредат за маката.
Семејството на Бренда, вклучително и две правнуки, присуствувал на нејзиниот голем ден во сабота, 4 септември.
Фото: Принтскрин/Instagram