(ВИДЕО+ФОТО) ОМИЛЕН ДЕТСКИ ЛИК – Знаете ли како денес изгледа ѓаволестиот Денис?

Ѕвездите на филмовите што блеснаа во 90-тите години денес се заборавена приказна. Малкумина од нив беа во можност да градат кариери по големата популарност што ја добија преку нивните улоги во детството.


Еден од нив е ѓаволестиот Денис кој го отелотвори Мејсон Гембл.
Денис го тероризираше сиротиот сосед, г-дин Вилсон, иако сè што сакаше беше да се дружи со мрзоволниот сосед.


Ѓаволестиот Денис е еден од омилените ликови со стрипови на Хенк Кетчум, а пред 26. години, ликовите од тој стрип се појавија во истоимениот филм „Dennis the Menace”. Денис Мичел беше момче кое го креваше притисокот и го нервираше г-дин Вилсон, правејќи децата, но и возрасните, да се смеат до солзи. Двајцата никако не можеа да минат време заедно, иако момчето само сакаше да се забавува додека неговите родители беа надвор од градот неколку дена.


Токму оваа улога го одбележа животот на Мејсон Гембл и ја доби наградата Youth in Film (Млади во филмот). Пред тоа, тој глумел со Бил Мареј во „Бескрајниот ден“ во 1993. година. Три месеци по тоа деби, тој ја добил главната улога во „Ѓаволестиот Денис“.


Денес, Гембл има 33. години и сè уште изгледа многу млад и непослушен. Во 2006. година Мејсон работел на серијалот „ЦСИ: Мајами“ и на филмската адаптација на „”Golf in the Kingdom“, улога која сериозно го наметнала кај режисерите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …