(ВИДЕО+ФОТО) НЕВИНИ ЛЕЖАЛЕ 36. ГОДИНИ ВО ЗАТВОР: Осудени за убиство поради ЕДНА ЈАКНА, конечно се на слобода!

Алфред Честнут, Ендрју Стеварт и Рансон Воткинс од Мериленд (САД) се осудени, на доживотен затвор, поради убиство на 14. годишно момче, а после 36. години робија пуштени се на слобода.
Откако судијата ја поништил пресудата после прегледување на нивниот случај тие се пуштени на слобода.
Честнут оваа година поднел барање за пристап на информациите и открил докази кои во текот на судењето не се пренесени на неговиот адвокат. После тоа упатил жалба до Одделението за интегритет, кое се бави со преиспитување на старите обвиненија. Поради тоа, случајот бил повторно отворен.


Тој цело време тврдел дека е невин, поради што му било одбиено барањето за предвремено пуштање на слобода бидејќи Одборот за условна слобода заклучил дека не преземал одговорност за убиството.
Мажите се уапсени уште кога биле тинејџери во 1983. година поради убиство на Де Вито Дакет. Жртвата е застрелана во врат додека одела на училиште, а јакната која ја носел била украдена. Честнут, Стјуарт и Воткинс се осудени за негово убиство на основа на сведочење, но и пресудниот доказ – јакната која ја носел Дакер била најдена кај Честнут. Меѓутоа, на јакната на Честнут немало траги од крв или употреба на огнено оружје. Неговата мајка на полицијата и ја дала фискалната сметка од јакната, а работничката во продавницата потврдила дека токму таа ја купила, порано.


Без оглед на се, тројцата тинејџери биле уапсени на Денот на благодарноста. Полицијата ги разбудила со пушки вперени во нив.
Обвинителите после пуштањето на невините мажи рекле дека во текот на истрагата полицијата ги игнорирала и исклучила извештаите на повеќе сведоци кои идентификувале друго лице како убиец, како и дека сведоците на судењето не успеале да ги идентификуваат тројцата тинејџери.


„Ова не е победа. Станува збор за трагедија и мораме да сносиме одговорност за она што им се случи на овие луѓе“, рекла после ослободителната пресуда државната бранителка на Мериленд, Мерилин Мозби, и додала:„Сите сведоци на судењето сега ги повлекоа своите обвиненија“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнуваат Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул се ранохристијански светци кои се сметаат …