Многу познати лица ги искористија социјалните мрежи за да му честитаат на Џо Бајден за победата на претседателските избори во САД.
Актерот Самуел Л. Џексон објави фотографија на Инстаграм на која се гледа една од неговите сцени од филмот, а над тоа пишува „Тие не се лути за Џо, туку за таа девојка со темна кожа“.
Шерон Стоун му се придружи во честитките за Џо Бајден.
„Сакам нашата нација да види и да слушне како можеме да бидеме достоинствени кога демократијата е силна“, напиша таа споделувајќи видео од моментот кога Барак Обама беше прогласен за претседател.
Пејачот Рики Мартин учествуваше во претседателската кампања на Бајден, а по победата објави фотографија од себе со Бајден и новиот потпретседател Камала Харис.
“Ви благодарам за политиката на интегритет и обединување. Како Порториканец, чест ми е што можев да учествувам во оваа тешка кампања. Чувствував колку сум инспириран од вашата страст. Честитки за Камала Харис што направи историја и остана грациозна под притисок. Сега почнува тешкиот дел, но заедно сме во ова“, напиша Мартин.
Музичарот Томи Ли претходно најави дека ќе се пресели во Европа доколку Трамп повторно победи. Тој сега објави фотографија од шишето со пораката на Махатма Ганди дека „светот е уморен од омраза“.
Лејди Гага објави фотографија со Џо Бајден, пишувајќи дека тој и Камала Харис му покажале на светот што значи добрина и храброст.
И’ брачната двојка – Џон Леџенд и Криси Тиген дадоа свое мислење за победата на Бајден. Пејачот сподели фотографија од Филаделфија, велејќи дека таму се роди демократија, а моделот ја поздрави новата влада објавувајќи фотографија со Камала Харис.
View this post on Instagram
Lol I cropped everyone out sorry guys love you (2016 HELLOOOOOOOOOO) MADAME VICE PRESIDENT!!!!!
Џенифер Лопез покажа видео на социјалната мрежа Твитер, на кое се гледа како плаче од среќа поради победата на Џо Бајден на претседателските избори.
Расплаканата Џеј Ло, која го поддржуваше Бајден во предизборната кампања, се снимила во кревет и им покажала на своите придружници (133 милиони луѓе) како „течат солзи радосници“.
“Јас сум многу среќна утрово. Во главата ми одекнуваат зборовите на секој Американец кој рече дека одиме во подобри денови, кон обединета држава, едноставно заплакав од радост. Се надевам дека сите ќе застанеме заедно и ќе се сакаме, покажуваме почит. Ова е нов ден“, рекла Џенифер Лопез и се расплакала.
.@JLo’s reaction to the election of Joe Biden and Kamala Harris. 💙#BidenHarris2020 pic.twitter.com/hg2xjSr34w
— Jennifer Lopez Stats (@JLoStats) November 7, 2020
На Инстаграм пак поделила видео како танцува од среќа за Џо Бајден и Камала Харис.