(ВИДЕО+ФОТО) Мајкл Даглас му го честитал 102. роденден на татко му: „Ти си мој херој!“

Кирк секоја година соодветно го прославува својот роденден. Минатата година со сопругата Ана (99) позирал пред вратата во куќата која била украсена со цветен аранжман со бројот 101.
Мајкл Даглас (74) му го честитал 102. роденден на својот татко Кирк,така што на
социјалните мрежи објавил видео со низа црно-бели фотографии на Кирк од младоста.
„Среќен 102. роденден тато. Ти си мој херој. Те сакам“, напишал Мајкл и ги разнежнил
неговите обожаватели кои со коментари му го честитале роденденот на една од последните
живи легенди на Златната ера на Холивуд.


Happy 102nd Birthday Dad.You're my hero and I love you!#KirkDouglas #102 #Birthday#MyHero #FathersLove


Gepostet von Michael Douglas am Donnerstag, 6. Dezember 2018

Кирк секоја година соодветно го прославува својот роденден. Минатата година со сопругата
Ана (99) позирал пред вратата во куќата која била украсена со цветен аранжман со бројот
101.Иако Кирк повеќето време е во инвалидска количка, станал за да се поздрави со сите
гости.


Инаку, глумецот некогаш правел домашни забави. Последните неколку години во тоа му
помогнуваат снаата Кетрин Зита Џонс (49) и синот Мајкл Даглас (74).
„Ќе имаме забава за целото семејство и најблиските пријатели. Ќе дојдат сите синови и
многу внуци. И’ добрите пријатели како Џефри катзберг, Стивен Спилберг и Рон Маер“,
изјавил Даглас.

Тој го издвоил Берт Ланкастер како колега од Златната ера на Холивуд кој најмногу му
недостасува.
„Ми фалат старите пријатели како шти е Берт Ланкастер. Го викав ’Боит’ а тој мене ’Коик’.
Беше прекрасен пријател, многу ми недостасува“, вели Кирк Даглас.
Најголема желба за 102. роденден му била светот да стане подобро место за живот.

„Има толку многу нетрпеливост…Сакам луѓето едно кон други да бидат пољубезни и да
покажат повеќе почитување“, рекла холивудската легенда.
Даглас своевремено предупредил на изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и на
говорот на омраза кон мигрантите.

„Тоа сеуште ме загрижува. Светот е во голем неред и на нас е тоа да го поправиме, поради
нашите деца и внуци. Пукањата се секојдневни, од школо до синагога. Луѓето на улица се
тепаат и убиваат. Светот е толку поделен и тоа мора да престане“, истакнал славниот
глумец.

Запрашан дали нешто му останало од „листата со желби“, Кирк Даглас вели дека малку или
повеќе ги исполнил сите свои соништа.
„Имав прекрасен живот и имам прекрасно смејество. Благодарен сум на се што ми пружи
животот“, заклучил Кирк.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …