(ВИДЕО+ФОТО) КОНЦЕРТ ВО ДУБАИ – Бијонсе,за 24 милиони долари, настапи по петгодишна пауза: Снимките објавена и’ покрај забраната

По петгодишна пауза, Бијонсе настапи во Дубаи за дури 24 милиони долари. И покрај тоа што на присутните им беше строго забрането да објавуваат снимки и фотографии, тие набрзо почнаа да се шират на социјалните мрежи.
Концертот траел еден час и се одржал во новиот хотел Atlantis The Royal. На сцената се појавила и ќерката на пејачката Блу Ајви, а во публиката беа нејзиниот сопруг Џеј Зи и родителите Тина и Метју Кноулес.


Настапот го започнала со песната „At Last“ на легендарната Ета Џејмс, а потоа следувале нејзините хитови „Beautiful Liar“, „Halo“, „Crazy in Love“ и други.
Потсетуваме дека таа во јули минатата година го издаде албумот „Renaissance“. Извори за списанието Page Six изјавија дека таа ќе оди на турнеја ова лето.

„Благодарение на овој албум, успеав да избегам од реалноста за време на пандемијата. Во тој период се чувствував слободна и се препуштав на авантурите“, изјавила претходно Бијонсе.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …