(ФОТО) Џереми Ренер по тешките повреди: „Овие 30 и плус скршени коски ќе зајакнат“

АМЕРИКАНСКИОТ актер Џереми Ренер се опоравува од сериозните повреди со кои се здоби кога го прегази машина тешка шест тони додека чистел снег во неговиот дом. Тој на Инстаграм објави фотографија од утринската вежба.

„Утринските тренинзи и новите решенија ја променија новата година. Ова беше трагедија за целото мое семејство. Сакам да им се заблагодарам на сите за нивните пораки и грижа. Овие 30 плус скршени коски ќе зајакнат, исто како што љубовта и врската со семејството и пријателите се продлабочува“, порачал актерот со објавената фотографија.



Еден сосед му го спасил животот
Потсетуваме дека животот на Ренер го спасил сосед кој случајно се нашол во близина и веднаш се јавил на 911 и цело време бил со актерот.
Соседот веднаш му кажал на операторот дека Ренер бил згмечен од машината, а потоа детално опишал како му биле повредени ребрата, градите и главата на актерот и дека има „многу крв околу него“. Потоа рекол дека Ренер лежи пред неговата куќа и дека машината му поминала преку градите и дека здивот му станувал сè пократок и при тоа ги молел итните служби да дојдат што поскоро.
Џереми пред неколку дена ги известил своите фанови дека е пуштен дома, каде ќе продолжи да закрепнува.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …