АКО ЉУБОВТА СЕШТЕ НЕ ВЕ ПРОНАШЛА, ЕВЕ ШТО МОЖЕТЕ ДА НАПРАВИТЕ: Наместо да седите и да чекате да дојде, направете среќен пресврт!

Време е да почнете да се фокусирате на себе и на вашиот развој

Замислете дека денес одеднаш ќе ја сретнете личноста која е љубовта на вашиот живот. Што би се променило?


Трагањето љубов е процес кој трае и кој влијае на многумина. Се надевавте дека ќе ја пронајдете вистинската личност за вас, но потоа наидовте на неколку промашувања, па се откажавте. Често се откажувавте, па се враќавте и повторно баравте љубов. Колку и да се трудите, таа потрага по љубов го организира и менува животот на многумина. Ова може да биде причината поради која сте купиле нов фустан; или причината поради која сте излегле кога не сте сакале да излезете: или дека сте инсталирале апликација за запознавање. Дали некогаш сте се запрашале дали можеби премногу се трудите?

This image has an empty alt attribute; its file name is vistinska-ljubov.jpg


Ова е местото каде што многумина грешат, бидејќи никогаш не треба цел живот да се предадете на потрагата по сродна душа, и по секоја цена да тргнете кон таа цел, дури и против себе. Не заборавајте, дури и кога сте сами, вие се имате себе! Во нашиот ум имаме слика на совршен партнер кој ќе не сака токму такви какви што сме, со сите доблести и маани. Се препуштаме на такви мисли, заборавајќи на себе. Повторно, често ја слушате малку истрошената фраза „љубовта доаѓа кога најмалку ја очекувате“… и што да направите во меѓувреме?

Има толку многу работи на кои можеме да работиме, како кариера, хоби, личен развој. Дури и оние маани за кои мислите дека ќе бидат прифатени од вашата сродна душа, но вам ви пречат, не ги прифаќајте, туку сменете ги. Правете го она што ќе ви помогне да се чувствувате подобро, да изгледате подобро, да напредувате и да развиете самодоверба.


Со ставање на други работи на листата на приоритети покрај љубовта, престанувате да се плашите дека ќе останете сами. Пред вас се отвораат бескрајни можности, таа замка дека „морате да имате некого“, конечно се ослободувате од неа. Вие не треба да правите ништо, но можете да правите се што сакате!

This image has an empty alt attribute; its file name is horoskop-mart-ljubov.jpg

Време е да се разбереме себеси и нашиот живот како дел од голем спектар на љубов, нашето семејство, пријателите, колегите, миленичињата, блиските луѓе… Љубовта не е една личност, таа е низа емоции и врски кои го исполнуваат вашиот живот.

Наместо да седиме и да чекаме да дојде тој што ќе ни го промени животот – бидете тоа што го чекате. Затоа што единственото нешто во кое можете да бидете сигурни е дека и покрај сите тешкотии, победи и неуспеси, стравови и придобивки, ќе бидете тука, ќе бидете некој кој секогаш ќе биде покрај вас. А љубовта преку партнерот ќе се појави во вистински момент.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …