(ВИДЕО+ФОТО) Поминаа осум години откако се простивме од легендарниот Кемал Монтен

На денешен ден пред осум години не напушти еден од најголемите регионални музичари, легендарниот Кемал Монтено. Тој денеска ќе имаше 75. години.

This image has an empty alt attribute; its file name is kemal-monteno-1.jpg
Кемал Монтено беше југословенски кантавтор со кариера долга над 40 години, чии песни ги слушаа многу генерации. Покрај неговите најголеми хитови, тој е заслужен и за бројни песни кои ги напушал за музички личности од целиот регион.


Песните „Се вратив во мојот живот“, „Драга моја“, „Една ноќ во декември“, „Сараево, љубов моја“, „Не сакаше“ се само дел од многуте балади кои ја направија оваа музичка легенда единствена на нашите простори.


Последен пат Монтено, пред сараевската публика, пееше во ноември 2012 година во салата „Зетра“, заедно со Горан Бреговиќ, Дино Мерлин, Здравко Чолиќ, Раде Шербеџија и други ѕвезди од регионот.


This image has an empty alt attribute; its file name is kemal-vo-zetra.jpg
По долга борба со болеста, Монтено почина во 2015 година во Загреб. Неговиот погреб беше одржан во Сараево на 28 јануари, каде пријателите, роднините и бројни музички и други културни дејци му го кажаа своето последно збогум. Тој беше испратен со текстот на песната „Сараево, љубов моја“.

Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …