(ВИДЕО+ФОТО) КОЛКУ УБАВ МАЖ! Претставникот на Естонија најдобар „фраер“ на Евровизија! Уку ги освоил жените!

ПРЕТСТАВНИКОТ на Естонија на овогодинешната „Евровизија“, Уку Сувисте (38) настапи синоќа, во второто полуфинале на натпреварот, втор по ред, а социјалните мрежи беа преплавени со коментари за неговиот ефективен настап, но и за неговата убавина.
„Ова беше магично“, „Колку убав човек“, „Тој е најубавиот учесник на Евровизија досега“, се едни од бројните коментари што може да се најдат под официјалниот тек на натпреварот на Јутјуб.


Уку со години е на списокот на најпосакувани мажи во неговата земја, а неговите разголени фотографии ги воодушевуваат неговите обожаватели. А тој и тоа како се грижи за своето тело, и со години вежба.
Уку е роден во малото гратче Вир во Естонија, а музичката кариера ја започнал уште во 2004. година.
Музиката му е во вените бидејќи татко му бил ТВ продуцент а мајка му професорка по класично пеење.
Според реномираниот естонски магазин „Kroonika“ Сувисте бил прогласен за најсекси маж.


Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …