Листата што секоја година ја составува магазинот „The Economist “ има задача да даде одговор на прашањето кој е најдобар град за живеење во изминатата година. Најдобар град за живеење во 2022 година е повторно Виена.
На рангирањето влијаат различни фактори на квалитетот на животот, здравствениот систем, образованието, културата и инфраструктурата. Има и социјална сигурност, политичка стабилност и ниска стапка на криминал. Интересно е да се забележи дека состојбите се рангирани во 172 града наспроти 140 лани, и дека ова е втора година во која индексот ги вклучува состојбите поврзани со Ковид.
View this post on Instagram
Според магазинот „The Economist “, Виена по трет пат во последните пет години е рангирана на прво место меѓу најдобрите градови во Европа. Виенците имаат многу пригоден термин, lebenskunst. Тоа е уметност на добро живеење, а Виена, со своите ресторани и музеи, е навистина совршено место за „практикување“ на уметноста. Овој град нуди многу можности за култура и забава, како и добра инфраструктура и општа стабилност.
Виена има 99,1 од 100 можни бодови, што го става веднаш пред Мелбурн. Сиднеј и Осака се на третото место на листата на која навистина доминираат австралиските, канадските и јапонските градови.
View this post on Instagram
Најважните критериуми за оценување се секако стапката на криминал и сложената градска инфраструктура. Тие критериуми негативно влијаат на животот во секоја смисла. Токму тоа ги стави некои големи градови како Лондон, Њујорк и Париз во лоши позиции на листата, иако тие се познати по своите атрактивни културни и општествени активности.
View this post on Instagram
На самиот крај на листата е Дамаск од Сирија, каде граѓанската војна трае веќе десет години. Покрај Сирија, од очигледни причини има и градови од Русија и Украина.
Фото: Принтскрин/Instagram