(ВИДЕО+ФОТО) ИСКРЕНО – „Требаше да завршам како проститутка, а не како музичка икона“

Алиша Кис го прослави својот 41. роденден, а во описот на фотографијата која ја објави на својот Инстаграм воодушеви многу фанови.
“Роденден ми е! Многу сум благодарна што сум жива! Благодарам на секој човек кој ме изненади синоќа планирајќи заедно со маестрално изненадување. Ме направивте толку среќна! Испраќам голема љубов за секоја роденденска желба и молитва и се убавата енергија што ми ја испративте до сега!Чувствувам се!Вчера цел ден немав поим што се случува ниту што доаѓа.Сега навистина не знам што да очекувам!Едно знам, секоја секунда ја славам затоа што животот е скапоцен за губење време! Ве обожавам“, напишала таа во описот на фотографијата пред неколку дена, кога излезе седмиот студиски албум во нејзината кариера.
Иако во својата успешна кариера освои 15. Греми, и е горда мајка на две деца, која досега има продадено 35. милиони албуми и 30. милиони синглови, оваа роденденска порака многумина потсети на нејзиниот тежок живот.

View this post on Instagram

A post shared by Alicia Keys (@aliciakeys)


„Јас сум онаа личнос која не требаше да успее. Требаше да завршам како проститутка, млада мајка на 16. години или зависник од дрога. Јас сум само таа што требаше да се најде на погрешно место во погрешно време“, изјавила пејачката во едно од интервјуата кои ги давала во својата богата кариера.
Признала и дека музичката кариера ја спасила од пеколот на дрогата, проституцијата и лошиот живот. Таа пораснала во населбата во Њујорк, позната како „Пеколна кујна“, која имала најмногу проституција во градот во тоа време. Таа тврди дека уште од мала била сведок на тажни човечки приказни.
Таа на сцената се проби во 2001. година со синглот „Fallin“ и често истакнуваше дека никогаш не заборавила од каде доаѓа.


View this post on Instagram

A post shared by Alicia Keys (@aliciakeys)


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …