Обезбеден организиран превоз за студенти и ученици со попреченост до училиштата и факултетите

За ученици и студенти со попреченост е обезбеден организиран превоз од нивното место на живеење до средните училишта и факултетите во Скопје каде што учат и студираат и назад, со адаптирани возила, за што Градот Скопје и ЈСП склучија договор. Станува збор за активност на Градот Скопје што е во согласност и со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје, за 2022 година.

Организираниот превоз на учениците и студентите со попреченост кои следат настава во средните училишта или факултетите во Град Скопје се реализира со адаптиран автобус и минибус комбе. Возилата се комплетно адаптирани на потребите на корисниците со можност за влез на инвалидска количка и други додатоци.


Вкупно 80 ученици и студенти со попреченост го користат овој вид превоз. Здружението на студенти и младинци со попреченост директно со целната група и возачите прави неделен распоред и организира маршрути.

Градот Скопје е посветен на значително подобрување на квалитетот на живеењето на студентите и младинците што припаѓаат на оваа ранлива група, за да се овозможи поголема мобилност, полесен пристап на лицата со попреченост до училиштата и факултетите, вклучување во редовниот образовен процес и обезбедување самостојност и независност во движењето.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …