Почетокот на 2022 година беше многу драматичен на северот на Кина. Во областа на градот Гангзи во провинцијата Шанкси се случи инцидент чии фотографии го обиколија светот и само со голема среќа беа избегнати сериозни последици.
Возачот на камионот ги следел упатствата на ГПС навигацискиот уред и на тој начин дошол до тесен дел од патот. Камионот бол премногу широк за да помине, но возачот сепак продолжил. Сфатил дека нема да може да помине, па се обидел да се врати возејќи наназад и во еден момент за малку ќе паднал во провалија длабока речиси стотина метри.
Сцените од местото на несреќата изгледаат нереално, кабината и предниот дел на приколката висат од карпата, па вистинско чудо е како како возачот успеал да излезе од кабината и да побегне на безбедно. Мотоциклист кој возел позади камионот, кој во локалните медиуми бил именуван само како Ву, бил сведок на се.
– Овој пат има ограничувања и не може да помине возило кое е пошироко од два метри. Цел ден паѓаше снег, камионот продолжи да вози и излета од патот. Се обидел да се извлече, но за малку ќе паднал од планината и сега сообраќајот е целосно блокиран, рекол тој.
Акцијата на извлекување на камионот траела дури три дена, а во неа биле вклучени дури три шлепери. Со оглед на сложеноста на ситуацијата, не останало ништо друго освен да се преполови возилото, за да може на парчиња да се извлече од опасниот пат. Сообраќајот е нормализиран на 3. јануари во попладневните часови.
Извор: Jutarnji list
Фото: Принтскрин/YouTube