Најмалку 26. лица загинале откако обилниот снег ги заробил во возила во северен Пакистан. Армијата се обидува да ги расчисти патиштата и да ги спаси оние кои се уште се заробени во близина на планинското одморалиште Мури.
Околу 1.000 возила останале заглавени на автопатот за време на снежната бура, изјавил министерот за внатрешни работи Шеик Рашид.
https://twitter.com/Natsecjeff/status/1479800807126188044
Мури е планинско одморалиште северно од главниот град Исламабад.
Локалните медиуми во петокот објавија дека туристите останале заглавени поради снегот. Повеќе од 100.000 автомобили влегле во Мури во последните денови за да хи забележат невообичаено обилните снежни врнежи.
https://twitter.com/Natsecjeff/status/1479801206071517187
https://twitter.com/Natsecjeff/status/1479792940029464578
Ова предизвикало огромен сообраќаен метеж на патиштата кои водат кон и од градот, соопштила полицијата.
Полицијата соопштила дека најмалку шест лица се замрзнале во своите автомобили, но се уште не е јасно како другите починале. Како можна причина се наведува гушењето по вдишување на испарувања.
https://twitter.com/Natsecjeff/status/1479791927327436801
Сите патишта до Мури ќе бидат затворени за туристи и отворени само за луѓето кои обезбедуваат помош за оние кои се уште се заробени, додал министерот.
Снегот почнал да паѓа во вторникот вечерта и продолжил во редовни интервали, што довело до прилив од илјадници туристи.
https://twitter.com/Natsecjeff/status/1479796665284497416
Оваа област сега е прогласена за област на катастрофа и луѓето се повикуваат да се држат настрана.
„Луѓето се соочуваат со ужасна ситуација“, изјавил за новинската агенција АФП по телефон Усман Абаси, турист заглавен во градот каде сè уште паѓал силен снег.
– Не само туристите, туку и локалното население се соочува со сериозни проблеми, меѓу кои и недостатокот на гас и вода, додал тој.
Фото: Принтскрин/Twitter
ekran платформа за слободоумни