(ФОТО) Починал 17-годишниот син на Шинед О’Конор – Извршил самоубиство: „Никој да не го следи неговиот пример“

Синот на Шинед О’Конор, Шејн, починал на 17-годишна возраст.
Пејачката по тој повод се огласи на Твитер.


„Мојот убав син, Невиим Неста Али, Шејн О’Конор, самата светлината на мојот живот, реши да стави крај на својата земна борба денес и сега е со Бога. Нека почива во мир и никој да не го следи неговиот пример. Моето бебе. Многу те сакам.Почивај во мир“, напишала таа.

Тинејџерот, чии родители се Шинејд и нејзиниот колега, ирскиот музичар Донал Луни, беше пријавеа за исчезнат претходно оваа недела.
Ирската полиција издала официјален извештај во кој повикувала на информации на 6. јануари откако Шејн исчезнал од областа на Даблин.

На 8. јануари, полицијата потврдила дека потрагата по Шејн била прекината откако телото било пронајдено во Бреј, округот Виклоу.
Портпаролот на гардата рекол: „Откако телото беше извлечено во областа Бреј во Виклоу во петокот, 7. јануари 2022. година, потрагата по исчезнатото лице, 17-годишниот Шејн О’Конор, беше повлечена”.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Државниот ансамбл на албански народни ора и песни гостува во Кралството Јордан

Државниот ансамбл на албански народни ора и песни, на покана на властите од областа Акаба, …