(ВИДЕО+ФОТО) Деколтето на Салма Хајек е приказна само по себе, а нејзиното лице – актерката е непрепознатлива

Актерката Салма Хајек се најде на листата на познати личности кои присуствуваа на премиерата на филмот Killers Of The Flower Moon во Кан.
На црвениот тепих ѝ се придружи и нејзиниот сопруг Франс Анри Пиноа, а парот изгледаше блескаво како и обично. Сепак, ѕвезда беше Салма и нејзиниот прекрасен фустан.

Таа се одлучи за сложен фустан од куќата на Александар Меквин. Виолетовата тоалета има нагласено деколте, со карнери на рамената, но и интересен долен крај. Скапиот накит му дал посебен шмек на целиот стајлинг, но она што на сите им паднало во очи е променетиот лик на Салма.



Не сме сигурни дали се работи за интервенција или шминка, но ќе потсетиме дека актерката во неколку наврати нагласи дека останува верна на својата природна убавина: „Не сакам да одам под нож или да користам инјекции. Мислам дека е страшно што толку многу девојки во доцните 20-ти години го ставаат сето тоа во своето лице и усни. Една дури ми рече: ‘Ако сега ги вкочам мускулите, нема да имам брчки подоцна. Можете ли да замислите такво размислување“, се прашака таа за списанието Instyle.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …