(ВИДЕО+ФОТО) ЧОВЕК ЗА ПРИМЕР – ЕХ,ДА ИМА ПОВЕЌЕ ВАКВИ ЛУЃЕ: Запознајте го милијардерот кој е роден како овчар во турска „бестрагија“ а денес својата заработувачка ја дели со работниците – „На луѓето им го давам она што е нивно!“

“Ако заработувам јас, заработуваат и моите работници. Мојата добивка е нивна добивка, а нивната среќа е моја среќа”, вели Хамди Улукаја, сиромашен курдски овчар од Турција кој емигрирал во САД, а сега е сопственик на брендот за јогурт “Chobani” и е “тежок” 2 милијарди долари.
Хамди Улукаја е ѕвезда во САД не поради тоа што се што има стекнал со свои раце, бидејќи не е единствен, туку затоа што ги променил правилата на капитализмот и докажал дека се поефикасни и подобри од суровото чување на профитот.


“Време е да признаеме дека учебникот кој веќе 40 години го користат водечките луѓе во светскиот бизнис повеќе не е употрeблив”, изјавил тој на престижната конференција ТЕД, одржана оваа година во Ванкувер.
Погрешно би било да се каже дека Хамди Улукаја не верува во моќта на бизнисот, во Америка и во американскиот сон – тој го живее – но правилата според кои игра се многу поразлични од оние кои се копираат на нашите простори. Славна е неговата изјава дека “максимализирањето на профитот за од тоа корист да имаат само акционерите е најглупавата работа која ја слушнал во својот живот”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …