По експлозивното интервју на принцот Хари и Меган Маркл, долго се чекаше реакцијата на Бакингемската палата.
Меган и Хари упатија голем број обвинувања, вклучително и дека на дворот се дискутирало колку ќе му биде темна кожата на нивниот син Арчи кога ќе се роди, а долгоочекуваниот одговор од палатата дојде после 56 часот.
Иако пораката дека „сеќавањата можат да бидат различни“ и дека „семејството сериозно го сфати проблемот“ и дека „приватно ќе го реши“ официјално доаѓа од кралицата, експертите од кралското семејство веруваат дека зад тоа стои принцот Чарлс.
View this post on Instagram