Актерката Тара Раид на Инстаграм открила дека била вакцинирана против короната, но патем се пожалила и дека не и било лесно.
„Јас се вакцинирав и морам да ви ја кажам вистината. Страшно ме боли, се чувствувам како некој да ме застрелал со пиштол во раката”, напишала таа покрај фотографијата од вакцинацијата.
View this post on Instagram
Во коментарите, таа додала дека ништо не боли за време на вакцинацијата и дека болката започнала еден час подоцна.
„Да, многу ме боли. Не го ни почувствував убодот, но околу еден час подоцна се чувствував како некој да ме застрелал со куршум”, напишала таа.
Следниот ден се јавила и открила како се чувствува, но и каква вакцина примила.
„Денес е трет ден од вакцинацијата. Се чувствувам подобро, немам главоболка повеќе и не чувствувам вртоглавица. Но, раката сепак ме боли. Благодарам на сите што се јавивте, неверојатни сте. Сите ме прашуваат каква вакцина примив, беше ‘Модерна’. Сега сум многу подобра, но првите два дена ми беа многу тешки. Сега е подобро, само раката уште ме боли по малку“, открила Тара.
Фото: Принтскрин/Instagram