(ВИДЕО+ФОТО) Бакнеж за добро утро: Водителот „страсно го поздравил“ гостинот!

Во средата наутро во емисијата гостувал и британско-австралискиот пејач Петер Андре а тема на емисијата била бакнување деца во уста. За време на разговорот водителот Пирс Морган станал и го бакнал гостинот во уста…
Телевизиската емисија „Good Morning Britain“ е една од најпознатите во Велика Британија, а водителот Пирс Морган (53) често угостува бројни ѕвезди за да зборува со нив на актуелни теми. Во средата наутро во емисијата гостувал и британско-австралискиот пејач Петер Андре (45) а тема на емисијата била бакнување деца во уста.


Имено, Морган и Петер одлучиле да ја коментираат готографијата која Дејвид Бекам (43) ја објавил на социјалните мрежи. На фотографијата пензионираниот фудбалер ја бакнува ќерката харпер (7) во уста што предизвикало лавина од коментари, на сметка на Бекам.
„Го правев тоа кога децата беа малечки, но сега не би, иако можам да го разберам Дејвид и не го осудувам“, објаснил Андре дека смета дека станува збор за сосема „невин“ начин на искажување љубов. Во тој момент водителот Пирс Морган станал и го бакнал гостинот во уста.


„Имаш многу меки усни“, коментирал Андре додека водителот изјавил дека нивниот бакнеж бил загрижувачки добар. Наскоро на социјалните мрежи и самиот Морган објавил фотографија на која го бакнува Андре.
„Мислам дека Андре ова никако не го очекуваше“, се пошегувал водителот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …