Деновиве во некои македонски медиуми наголемно се пишуваше за големата професионалност на Влатко Стефановски кој и’ покрај смрттта на родениот брат, драматургот Горан Стефанмовски, е голем професионалец и оди на турнеја во Австралија…
Како ќе му биде на Влатко на трите концерти во Австралија (30. ноември и 1. и 2. декември) си знае само тој, но како голем професионалец ќе го одработи однапред договореното…
Најверојатно, веста за смртта на саканиот брат го дочекала и на пат кон Австралија…Горан почина на 28. ноември, а Влатко првиот концерт го има денес, 30. ноември.
Блиски пријатели пак на семејството, како што известува Жанета Скерлев на Фејсбук, одлучиле Горан Стефановски да биде кремиран на 5. декември, а посмртните останки да бидат расфрлани по Охридското езеро…
Драматуршкиот бисер трајно ќе престојува во македонскиот бисер…
Според наведеното заклучокот е едноставен – Влатко мора да го одработи тоа во Австралија, а погребот ќе биде откако тој ќе се врати, на 5. декември…
Веста за смртта на драмскиот писател ја потресе земјава. Со негови цитати, зборови за утеха и пораки со сочувство, Македонија се простуваше со еден од своите најпознати драмски автори. Горан Стефановски почина на 66. годишна возраст во близина на Лондон.
Зад себе ја остави сопругата Патриша, со која се родители на синот Игор и ќерката Јана и внуците…