(ВИДЕО+ФОТО) Аланис Морисет после 10. години се вратила на сцената и ја претставила новата песна

Аланис Морисет после десет години се врати на сцената и претстави нова песна…
Веста дека Аланис Морисет се врати на сцена после десет години е актуелна во светските медиуми.
Пејачката, која се прослави кон крајот на 1990-ттите, ја објави песната „Reasons I Drink” (Причини што пијам), која на Јутјуб ја слушнаа 15.000 луѓе. Многумина на кои им недостасуваше гласот на Аланис Морисет едвај ја дочекаа новата песна.

Убавата 45-годишна пејачка целосно го сменила својот имиџ и многумина не ја препознаваат. Оваа година, таа го роди своето трето дете, Синот Винтер. Пејачката и шест години помладиот рапер со уметничко име Солеј ги имаат осумгодишен син Евер и 2-годишнатаќерка Оникс..


Канадската кантавторка потврдила дека ќе тргне и на светска турнеја за да ја одбележи 25-годишнината од албумот, кој ја прослаил ширум светот. Таа открила дека ќе настапува, како и некогаш, со Елизабет Фаер и групата „Garbage“.
Првата турнеја посветена на албумот на Аланис Морисет „Jagged Little Pill“ се случи во 1998. година, три години по објавувањето на изданието со хитовите „Ironic“, „You Oughta Know“, „Hand in My Pocket“ и „Head over Feet“. По објавувањето на славниот албум, Аланис, во истото друштво, ќе ги потсети обожавателите на песните од албумот што и донесе светска слава.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …