(ВИДЕО) Зошто сме возбудени за новиот проект на Давид Димовски?„The Three Of Us” е најновата музичка преродба на Давид.

По кратката пауза од „Project Orpheus”, и рефлексија на неговите претходни креативни проекти, Давид одлучи да се здружи со неколку нови извонредни соработници во патот кон следната еволуција.

Така се појавува овој возбудлив бенд.
Идејата е да се земе сето она што не може да се опише со зборови и да се илустрира преку новата  музика.
На овој проект скришно се работи од 2017. година, посветено, па дури и опсесивно, со цел совршено да се отслика замислениот звук и стил.

Музиката е спој на контрасти, моќ и слабост, возбуда и страв, визија и несигурност…
Сосема соодветно овој албум е насловен како “Monsters”.
„Droupot” е првиот сингл.

Режисер на видео записот е Andrey J., дирекнор на фотографија Billy D. во продукција со Maximillian Plotts.
Албумот наскоро ќе биде достапен на најголемите дигитални платформи Spotify, Apple Music и Deezer преку музичката куќа Phoenix Music.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …