„Мел фест талент шоу: Ѕвезда број 1“: Се одржа втората гала вечер. Оваа недела подгответе се за уште повозбудлива трета гала вечер со нови таленти

Веќе трета недела по ред течат гала вечерите на „Мел Фест талент шоуто: Ѕвезда број 1, кое се емитува на “1 ТВ” во 21.00 часот секоја недела.

Жирито одлучи нови 8-мина натпреварувачи да се придружат на досегашните 11 и до овој момент да имаме вкупно 19 натреварувачи за следниот круг.


Анастасија Аврамоска, Барбара Ракичевиќ, Јана Јовиќ, Марија Цветановска, Марија Данева, Марија Јаковлеска, Сашко Пејовски и Јована Здравевска , се новите кандидатите кои ќе се борат за договор со „Арт 10 продукција“ и стан во Скопје.

Изненадување во втората гала вечер беше новата водителка Кристина Весиќ, која заедно со Жаре Бербер беа домаќиниво студиото, додека кандидатите ги оценува жири комисијата составена од Елена Петреска, Александар Масевски, Сергеј Варошлија и новинарката Валентина Тодоровска – Вања, а продукциското жири беше составено од Пеце Стоикоски, директор на „Мел Фест“ и Бане Поповиќ, преставник од „1 ТВ“.


Имавме ново издание кое навистина изобилуваше со неверојатни таленти, таленти кои поседуваат огромен потенцијал за идни пејачки ѕвезди. Фестивалот „Мел Фест“ е навистина горд на овој свој проект кој се емитува на „1 ТВ“. Уште пред многу месеци, сето ова беше само идеја, моја како директор и на Елена Петреска, уметнички директор на фестивалот, сакајќи да продолжиме да бидеме расадник, но и голема поддршка, како фестивал и продукција, на сите млади музички таленти. Среќни сме што оваа идеја веќе се реализира. Позади сето ова стои голем труд и напорна работа, но свесни сме дека треба уште. Имајќи предвид дека е само прва сезона, ветуваме работа и посветеност за да прераснеме во шоу со традиција, она што всушност е и препознатливо за самиот фестивал „Мел Фест“, години наназад во нашата земја. Се разбира тоа ќе го покажеме и преку грижата за кариерата на победникот, вели Пеце Стоикоски, директор на проектот.


Оваа недела очекувајте ја третата гала вечер во 21 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …