(ФОТО) И’ ТОА ГО ИМА: Добил отказ поради еден збор -„Тој не е ‘ТОА’“

„Еден од моите вработени, својот колега го ослови со ‘тоа’, бидејќи е трансексуалец. Го отпуштив. Среќен месец на ‘гордоста’, кучко“, напишал на Твитер.
Шеф на една компанија во САД, открил зошто отпуштил вработен само поради еден кажан збор.
Неименуван маж од Талахаси, Флорида, тврди дека еден од неговите работници, ословил транссексуалец со „тоа“ – и покрај предупредувањето да не го прави тоа.
Работникот наводно бил испратен и на обука на која му е објаснето зошто користењето на заменката било толку навредливо. Но тој и понатаму инсистиртал на тоа сè додека шефот не ги преземал работите во свои раце.
„Еден од моите вработени, својот колега го ослови со ‘тоа’, бидејќи е трансексуалец. Го отпуштив. Среќен месец на ‘гордоста’, кучко“, напишал на Твитер.

„Непочитување на вработените или клиентите е штетно за нашето работно опкружување, продуктивност и крајниот резултат. Ако очигледно се идентификуваат како жени, кон нив користете женски заменки. Не е тешко“, додал тој.

Објаснил и дека му било посебно напоменато колегата да не го ословува со „тоа“, но токму тоа го направил.
„И тоа пред другите вработени… Ако не реагирам, тоа е тужба која само чека за да се исполни“.
„Работиш со тој човек 5-6 дена во неделата. Научи го неговото име или обраќај му се според полот со кој се идентификува. Многу е лесно. Попаметен си од ‘ТОА’, заклучил работодавецот.
Извор: index.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …