Жената направила животна грешка.
Минатата недела бил бурен собир на љубителите на автомобили што се одржал во Мериленд. Се’ завршило со доаѓањето на полицијата, дивеењето на еден Крајслер и обвинение за убиство.
Како што покажува видеото објавено на Инстаграм, возачот во Chrysler 300C не обрнува внимание на публиката, но ниту на полицаецот кој се обидувал да го запре. Наместо да застане, тој продолжува да дивее во видно оштетениот Крајслер и во еден момент дури се обидува да го удри полицаецот.
View this post on Instagram
Инцидентот се случил на паркингот на „Валмарт“ и завршил со апсење на возачот Крајслер. Поточно, се работи за 22-годишнае жена возач која завршила зад решетки. Според Daily Voice,, возачот се обидел да удри уште неколку полицајци пред нејзиното апсење, а на крајот удрил во полициско возило. Од ударот таа се повредила себеси и неколку полицајци.
CBS Baltimore јавува дека меѓу другото е обвинета и за убиство од прв степен, за што максималната казна во Мериленд е доживотен затвор.
Фото: Принтскрин/Instagram