Пејачката Тијана Дапчевиќ во својата емотивна исповед проговорила за пометнувањето и траумата што ја доживеала кога за прв пат забременила. Таа и нејзиниот сопруг Милан сега го имаат синот Вук (14), но признава дека првото искуство и било најболно.
View this post on Instagram
„Пред да забременам со Вук, имав спонтан абортус. Бебето го изгубив во деветтата недела од бременоста! Толку сакав да останам бремена, а кога конечно се случи, бев пресреќна. И тогаш целиот свет ми се сруши! Многу ми е тешко. За Милан и мене тоа беше најголемата траума што некогаш сме ја доживеале. Имав среќа да ја запознаам д-р Снежана Ракиќ од ГАК „Народни фронт“, која ми го спаси животот! И не само што ме лекуваше мене туку таа повеќе ми беше психолошка поддршка. Ми рече: „Само опушти се и за една година ќе имаш бебе!“ Така беше“, вели Тијана.
View this post on Instagram
Според пејачката, овој трагичен настан ја зајакнал нејзината и љубовта на Милан.
„Кога го изгубив бебето, поминавме низ пекол, но не ни помислувавме да се разделиме. Тоа не зајакна. Милан беше секогаш со мене, дури и во тие најтешки моменти. Секогаш велев дека ќе родам машко дете, син на мајка”, кој ќе личи на мене. Тоа е Вук! Навистина е ист јас, само по е граден на таткото. Сепак, Милан е и тврдоглав и упорен. Бевме во брак седум години, патувавме низ целиот светот и сакав бебе. Го загубив првото бебе, а потоа не успевав да забременам по природен пат. Му реков ‘Ако не забременам до септември, одам на ИВФ!’. Сестра ми Тамара Тодевска ја претставуваше Македонија на Евровизија, а јас работев на нејзиниот медиумски план. Бев фокусирана на тоа, не размислував да имам дете и тогаш забременив“, изјавила Дапчевиќ за ТВ Прва.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/prva.rs
Извор: b92