(ВИДЕО) Жена по години во инвалидска количка проодела, реакцијата на ретриверот ја трогнал до солзи

Од самото раѓање, златниот ретривер Хаклбери Џин го познавал својот сопственик само во една состојба – седичка, во инвалидска количка.
Ејми Перди ги изгубила нозете на 19. години. Констатирана и е менингококемија, која предизвикува труење на крвниот систем. Завршила во болница, почнале да и откажуваат органите и била ставена во вештачка кома. Таа се здобила со рани на нозете и стапалата, кои биле толку тешки што лекарите морале да и ги ампутираат двете нозе под коленото. Го изгубила и слухот на левото уво и’ и биле отстранети бубрегот и слезината.
Тоа не ја запрело Перди. Освоила три медали на Параолимписките игри како сноубордер, авторка е на бестселер и почнала да глуми.
Сега на 42-годишна возраст добила две протези. Оваа промена била голема и за нејзиниот миленик. Барем за тоа сведочи неговата реакција кога првпат ја видел како стои пред него.
„Беше загрижен и збунет“, вели Ејми, која го објави трогателниот видео на Инстаграм. Реакцијата на миленикот ја расплакала, како и многумина кои го погледнаа видеото подолу.

View this post on Instagram

A post shared by AMY PURDY (@amypurdygurl)


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 15.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој работен ден за повеќето Овни треба да помине без поголеми пречки и …