Под влијание на топол бран од утре следува период на многу топло време со високи температури кои ќе бидат над просекот и на целата територија ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. И во Скопското подрачје дневната температура ќе биде околу 40 степени, најавуваат од УХМР.
Денеска е биде сончево, попладне во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. УВ=8
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со слаб до умерен променлив ветер.
T= 33 °C, P= 983 hPa, U= 26 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
Дневните температури ќе достигнат до 38. степени на југот на земјата, а за утре се очекува и 40. степени.
За утре се најавува сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе засилува. УВ=9
