(ФОТО) Кралицата на јогата по породувањето дома починала, од ретка компликација…

ИНСТРУКТОРКАТА ПО ЈОГА Лорен Верона починала откако ја родила третата ќерка Лусинда во семејната куќа во Квинсленд. 42-годишната жена родила здраво девојче, го држела во раце, а потоа наеднаш и се слошило. Таа итно била пренесена во универзитетската болница Саншајн Коуст, но не можела да ја спасат.
Нејзиниот сопруг Рајан Гејлард открил дека таа починала од емболија на плодова вода. Состојбата настанува кога амнионската течност или друг фетален материјал влегува во крвотокот на мајката и може да спречи згрутчување на крвта.

„Сакам да знаете дека Лорен се поврза со нашето прекрасно бебе, чие име значи светлина, а таа е тоа во овие мрачни времиња. Болуваме поради загубата, но нашите срца се полни за благословот во облик на Лусинда што Лорен ни го даде“, рекол уништениот сопруг на кралицата на јогата.
Тој истакнал дека домашното породување поминало според планот, но се’ се искомплицирало откако таа се породила.
„Оваа состојба не се случува многу често и затоа е малку истражувана. Судскиот лекар сè уште истражува сè со надеж дека ќе помогне да се разбере оваа состојба и можеби да спаси барем едно семејство од она што ние ќе треба да го трпиме до крајот на животот“, додал Рајан.



Верона водела приватно студио за јога. Таа сакала да ги инспирира луѓето да бараат внатрешна промена и трансформација. Таа починала само четири месеци откако се омажила за Рајан.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …