(ВИДЕО) Жена го родила осмото дете па останала без двете нозе: Луѓето и пишуваат ужасни коментари

ЕЛА Кларк претрпела компликации откако го родила своето осмо дете во 2015 година.
„Тоа беше само породување, како останав без двете нозе“, е насловот на видеото што таа го објави на Тикток, во кое одлучи да ја сподели својата приказна.
Таа вели дека почнала да крвари за време на породувањето и на крајот добила згрутчување на крвта во нејзините нозе. Единствениот начин на кој докторите можеле да ја спасат бил да и ги ампутираат двете нозе.
„Бев во индуцирана кома пет дена, а потоа ме разбудија и ми рекоа дека тоа е единственото решение. На моето семејство му беше кажано да дојде да се збогува со мене. Луѓето околу мене на одделот за интензивна нега умираа, тоа многу ме исплаши“, се сеќава таа.

@ella_amputee_mum_to_8#fyp #mumof8 #amputeemum #storytime


♬ original sound – user7706622523808


Таа сега има протетски нозе и на некој начин е благодарна бидејќи нејзиниот инвалидитет ја направи поинаква личност.
„Среќна сум, моите деца се среќни. Поради тоа ги разбираат луѓето и нивните тешкотии”, додава таа.
Но, откако ја објавила својата приказна, се нашла на мета на тролови кои и оставале ужасни коментари.
„Требаше да ги држиш нозете прекрстени за да не ги изгубиш“, и рекло едно лице.

@ella_amputee_mum_to_8Reply to @babsy6969 #fyp #mumto8 #amputeemum


♬ original sound – user7706622523808

Ела одговорила на злобните коментари.
„Донесов лоши одлуки во мојот живот, но моите осум деца никогаш не биле лош избор. Не можете да одите наоколу и да им кажувате такви работи на луѓето. Исто така, велите дека сум необразована. Навистина не сум. А големото семејство не ме прави необразована.Што ти дава право да зборуваш со некој така? Зошто не можеш да бидеш љубезен? Зарем не мислиш дека тоа те прави сто пати подобар?“, прашала таа.
Оваа храбра мајка заклучува: “Тешко е. Никој не би избрал да остане без нозе, но тоа ме направи подобра личност”.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …