(ВИДЕО) Збунет маж поминал покрај Вилијам и Кејт, видеото стана хит

Додека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон чекале да влезат во лондонски паб пред церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети во саботата, случаен минувач некако успеал да го помине обезбедувањето и едноставно да помине покрај нив.
Човекот кој поминал покрај нив не знаел дека поминува покрај членовите на кралското семејство, што ги изненадило луѓето кои трпеливо чекале можност за фотографирање со принцот Вилијам и Кејт.
На вознемирениот маж му пришол припадник на обезбедувањето кој учтиво го оддалечил од местото на настанот. Кога го виделе ова присутните фанови почнале гласно да се смеат.
Снимката на која Вилијам и Кејт разговараат пред лондонскиот паб „Dog and Duck“ набрзо стана хит на социјалните мрежи, особено поради реакцијата на принцезата на оваа необична ситуација. Имено, кога Кејт сфатила за што всушност се работи, се насмеала и погледнала да види што ќе се случи со збунетиот маж.
„Тој човек веројатно немаше поим покрај кого поминува и го сакам тоа кај него“, „Стана славен а не ни знае“, „Буквално не мисли на нив“, беа само некои од коментари на социјалните мрежи.


Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) И излегло „мозолче“ се испоставило дека е РАК! Упорно ги игнорирала овие симптоми

„СЕКОГАШ сум била внимателна на сонце. Но, неколку лоши изгореници од моите тинејџерски денови беа …