(ФОТО) УАПСЕНА ПОЗНАТАТА ХОЛИВУДСКА АКТЕРКА! Беше во центарот на скандал поради Новак Ѓоковиќ – го навредуваше, па јавно се извини

Сузан Сарандон била зад решетки поради учество на протест каде одржала говор пред апсењето, а се појавила и фотографија од нејзиното апсење.
Холивудската актерка Сузан Сарандон се најде зад решетки како една од актерките кои протестираа во Капитол на државата Њујорк во Олбани. Протестот бил организиран за поддршка на покачувањето на минималната плата за работници за балшиш во ресторани, пишува People.
Како што пренесуваат американските медиуми, пратениците од државата Њујорк планираат да ја зголемат минималната плата на 17 долари на час, и покрај тоа што работниците во ресторани кои добиваат бакшиш се исклучени од новиот закон. Сузан, заедно со останатите кои биле приведени, набрзо била пуштена од притвор, а во јавноста се појавија фотографии од актерката каде полицајците ја одведоа со лисици.

Холивудската ѕвезда е позната по учеството на бројни протести и гласно искажување на своите ставови, а во центарот на вниманието беше и кога јавно му се извини на Новак Ѓоковиќ за неоправданите критики кон него, кога веруваше во лажни информации.


View this post on Instagram

A post shared by @honeyysusan


„Ретвитнав цитат за Сајмон Билес, кој беше лажно објавен на штета на Новак Ѓоковиќ и се извинувам што го споделив пред да знам за што се работи“, напишала актерката тогаш на Твитер.

Фото: Принтскрин/YouTube.JimmyKimmel

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …