(ВИДЕО) Заборавена снимка на маршалот: Тито стенка од болки

За време на официјалната посета на Шведска во 1976. година, југословенскиот претседател Јосип Броз Тито доживеал необична несреќа. Имено, додека излегувал од автомобилот, неговиот генерал-адјутант Марко Рапо невнимателно ја затворил вратата од совозачката страна додека Тито сè уште излегувал од автомобилот.
И така се случи да му ги приклешти прстите!
Тито извикал болно, а аѓутантот веднаш ја отворил вратата и му ја ослободил раката. Целиот настан го снимиле камерите на шведските медиуми, кои биле собрани таму за да ја снимаат средбата на југословенскиот маршал и шведскиот премиер Улоф Палме.
На видеото се гледа и како Тито подоцна им објаснува на домаќините како дошло до несреќата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денешен хороскоп (27.04.2024): Бикови не чекајте нешто да се случи на вашиот љубовен план, за лавовите потребно е повеќе внимание и разбирање

Овен Работа: Опуштениот прв ден од викендот е за повеќето Овни да уживаат првенствено во …