(ФОТО) Светот се плаши од војна во Украина, а Путин ја спасува својата скапоцена јахта

Суперјахтата на рускиот претседател Владимир Путин е забележана како излегува од германско пристаниште, пишува Bild. Јахтата отпловила поради можноста да бидат наметнати западни и руски санкции кон Путин и Русија.
Јахтата вредна 86,6 милиони евра го добила името „Graceful“ и била сместена во бродоградилиштето Blohm Vos од септември за чистење и поправка, што вклучува два предни балкони и продолжение на платформата за пливање, пишува Business Insider. Бродот бил виден во Килскиот канал неколку часа по напуштањето на пристаништето Хамбург, а сега наводно се наоѓа во Балтичкото Море. Според некои медиуми, нејзината екстремна дестинација е Калининград.

This image has an empty alt attribute; its file name is jahta-na-putin.png
„Graceful“ ја содржи секоја можна удобност што може да се очекува од луксузна јахта, вклучително и канцеларија за рускиот лидер и затворен базен. Има и теретана, бело пијано, спа и библиотека. Јахтата е долга 82. метри и почнала да се користи за пловење во 2014. година. Се квалификува како суперјахта со три палуби. Планирано е да може да прими дури 12. гости и 14. членови на екипажот.



Германскиот весник „Bild“ наведува дека потегот „очигледно е бегство од стравот од апсење“, што значи дека јахтата е повлечена од Германија поради страв од санкции кои Западот би можел да ги воведе кон Русија поради ситуацијата во Украина.
Потсетуваме дека во последните неколку месеци силите на НАТО предупредија дека Русија ги акумулира своите воени сили долж границата со Украина и дека таму преселила дури 100.000 војници. Земјите членки на НАТО како Данска, САД, Франција и Шпанија испратија своја воена опрема и персонал во Украина за да ја одвратат Русија од можен напад.
Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека Украина не треба да се обидува да се приклучи на Европската унија или НАТО.
This image has an empty alt attribute; its file name is jahta-na-vladimir-putin-1-1024x597.jpg

Извор и фото: nova.rs


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …