(ФОТО) На фотографијата од нејзините деца видела смртоносна опасност. Дали и вие ја гледате?

ЖЕНА која излегла на прошетка со децата на реката Мита во Викторија, Австралија, останала шокирана кога ги погледнала фотографиите кои ги направила. На една од фотографиите се гледа опасно животно покрај нејзините деца, но ниту таа ниту децата не ја виделе додека чекореле по патеката.
Ако погледнете подобро, ќе видите змија десно од малечите, но не и било која змија. Тоа е отровна источна кафеава змија.

This image has an empty alt attribute; its file name is fotografija-od-deca-1.jpg


Фотографијата на Фејсбук ја објавил Бери Голдсмит, кој ја води страницата Snake Catcher Victoria Australia. Фотографиите му се чинеле како совршен доказ дека змиите нема да нападнат доколку на некој начин не бидат испровоцирани.
„Змијата ги видела како доаѓаат и ги гледала како поминуваат без да знаат дека е таму. Ова навистина покажува дека змиите не се агресивни и дека само треба да го почитуваме нивниот мир“, напишал Голдсмит.
Источните кафеави змии ќе се бранат ако бидат вознемирени или заглавени во ќош, но најчесто кога се среќаваат со луѓе избираат да побегнат или да се смират за да не бидат лесно забележани. Според Музејот на Австралија, повеќето од жртвите на источната кафена змија умреле поради нејзиното чувство дека нејзиниот живот и е во опасност.
„Оваа змија предизвикува повеќе смртни случаи од кој било друг вид на змии во Австралија. Бројните каснувања беа директно предизвикани од обидите на луѓето да ги убијат и овие каснувања можеа да се избегнат“, велат тие.

This image has an empty alt attribute; its file name is fotografija-od-deca.jpg
Не е невообичаено да се сретнете со отровна змија во североисточна Австралија. „Во Викторија, каде што живеам, сите змии се отровни, а главни се источната кафеава змија, тигарската змија, австралиската бакарна змија и црната змија со црвен стомак“, изјавил Голдсмит за The Dodo.
Цели 40 години тој се обидува да ги едуцира луѓето за средината во која живеат и змиите со кои го делат тоа. „Се обидувам да ги натерам луѓето да го почитуваат животното наместо да ги плашам. Сакам да го сменам нивниот однос кон змиите“, рекол тој.


Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …