(ФОТО) Познатиот фудбалер со години ја изневерувал сопругата: Сега таа јавно проговорила за нивниот брак

Сопругата на фудбалерот Вејн Руни – Колин неодамна во својот документарец открила се за нивната турбулентна врска и скандалите кои ги следат со години.
„Немаше да бидам овде сега да не му простив“, искрено изјавила Колин.
Вејн се обидел да ги прикрие своите неверства, но новинарите често го фаќале во друштво на други дами, а во една прилика и самиот признал дека безброј пати користел услуги на проститутки.
Детали за неговата прва прељуба протекоа во јавноста пред да се венчаат, во 2004 година. Фудбалерот од почетокот ги негирал претходните скандали, но на крајот сепак ги признал.
Во документарецот наречен „Руни“, Колин се осврнала на нивната повеќе децениска љубов, а фудбалерот изјавил дека веднаш, штом ја видел, знаел дека ќе биде пред олтарот со сегашната сопруга.

„Мислам дека имав 11. или 12. години кога решив дека сакам да се оженам за Колин. Веднаш и кажав. И кажав дека кога ќе пораснеме, сакам да бидам со неа пред олтарот и да имам деца со неа. Таа гледаше во мене како да сум полудел“, се присетил тој, а потоа убавата бринета додала:
„Тој е вистински шармер, на тој начин ме освои“.
Двојката се венчала во 2008. година, а се чини дека сопругата му го простила неверството.
„Тогаш уште бевме многу млади и многу се каравме. Знаев со кого се дружи и знаев дека тоа не е добро за него. Не сакав ништо да му кажам до одреден момент”, рекла таа, додавајќи дека алкохолот е главниот виновник за неговото однесување, што и самиот го признал.
„Се што се случи е вистина. Тоа не значи дека не ја сакам Колин, само донесував погрешни одлуки“, прокоментирал фудбалерот.



Инаку Вејн и Колин Руни имаат четири сина.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …