Се уште не е познато зошто се одлучил за опасен маневар што предизвикало одложување на железничкиот сообраќај, но и екстремно големи лични проблеми.
31-годишен Британец одлучил на почетокот на мај со својот SUV Mitsubishi Pajero да се вози на пруга недалеку од Бирмингем. Откако ја поминал станицата во Дадестон, тој одлучил да го напушти автомобилот и да побегне во непознат правец. Поради неговите акробации и направената штета, возот бил запрен дури осум часа. Добрата вест е што никој не е повреден, а лошата вест е дека штетата се проценува на околу 23.000 фунти.
За негова несреќа, полицијата го пронашла неговиот мобилен телефон во автомобилот, кој го користел додека се движел по пруга, па лесно се докажало дека тој се наоѓал во возилото.
Возачот Арон О’Халоран е уапсен и изведен пред лицето на правдата, а казната за загрозување на патниците во возот, опасно возење во неосигурен автомобил е следна. За почеток, тој мора да плати казна од 156 фунти за износот на проценетата штета. Возачката дозвола му е одземена на две години, што нема да му биде толку тешко бидејќи наредните 15 месеци ќе ги помине во затвор.
Фото: Принтскрин/YouTube