ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД – ГОРЕВ ЖИВА: Исповеди  на луѓето кои го преживеаја 11. септември, ги опишува ужасите што ги доживеале тој ден


Поминаа 20 години од терористичкиот напад во Њујорк, но раните на многумина преживеани се уште се свежи.
Некои останаа со физички последици што им го сменија животот, додека многумина се борат со психолошката траума предизвикана од настаните на 11. септември.


Една од најтешко повредените преживеани, Лорен Менинг, се здобила со изгореници на повеќе од 80 проценти од телото.
„Според сите медицински стандарди, требаше да умрам“, рекла таа за Скај њуз.
Лорен штотуку влегла во Северната кула на Светскиот трговски центар тој ден кога првиот киднапиран авион „удрил“ во зградата и испратил огнена топка која се спуштала низ отворот за лифтот во фоајето.
-Тоа беше неверојатно силен, продорен звук, а веднаш потоа се беше исполнето со пламен. Болката беше неверојатна и навлегуваше се’ подлабоко и подлабоко. Горев жива. За тоа нема други зборови – вели таа.
Додека Лорен се борела со пламенот, таа истрчала надвор пред да падне и се тркала на насипот каде што еден човек се обидел да и помогне.
– Не паднав и не умрев во пламенот, се борев против него. Му викнав да ме спаси од пламенот, рекла таа.


Додека лежела тешко повредена, Лорен со ужас гледала како терористите удираат со друг авион во Јужната кула на Светскиот трговски центар.
Ги видела луѓето како паѓаат од облакодерот, знаејќи дека нејзините колеги од финансиската компанија „Кантор Фицџералд“ се заробени на горните катови.
Сите вработени во таа компанија, 658. од нив, беа убиени тој ден.
Лорен, која успеалас да го избегне бомбардирањето на СТЦ во 1993. година, успеала да најде помош, но нејзините шанси за преживување биле многу мали.
-Изгорениците беа од висок степен, 82,5 проценти од телото ми беше изгорено и повеќето од нив беа од трет степен, а повеќе од 20 проценти од нив беа од петти степен, што значи дека изгубила мускули или коска и и’ требала ампутација на прстите на двете раце, рекла таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ВЕЖБАЛА ДО ИСЦРПЕНОСТ, ПЕШАЧЕЛА СО КИЛОМЕТРИ, ЕДВАЈ ЈАДЕЛА: Прогласена е за најубава жена на 62 години, но поради едно нешто, многумина „ја замразиле“

Деми Мур неодамна беше прогласена за најубава жена на светот, а таа открила колку нејзиниот …