(ВИДЕО) Викторија Лоба го промовираше видеоспотот за песната „Дојди“


Во пријатна атмосфера, во друштво на своите најблиски пријатели и соработници, поп-пејачката Викторија Лоба денеска го промовира видеоспотот за својата последна песна „Дојди“.

Песната е авторско дело на Роберт Билбилов, долгогодишниот соработник на Лоба, спотот го режира Огнен Шапковски, а го снимаше „Мелем продукција“.
На промоцијата, замислена повеќе како опуштено дружење отколку како формален настан, младата пејачка им се заблагодарила на присутните за нивната поддршка.
„Овој спот ми значи многу затоа што многу се намачивме, го снимавме три дена. Во ова тешко време кога ние артистите немаме толкава поддршка од медиумите затоа што преовладуваат политичките вести, сакам да им дадам поттик на музиката, видеата, на тоа што го работиме, би сакала да почнеме да правиме добра музика, добри проекти, добри видеоспотови“ рече  меѓу другото, Викторија Лоба.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бен Афлек открива дека неговите деца имаат класични тинејџерски работи: „Постарото дете работи во продавница“

Бен Афлек ги споделува своите размислувања за одбивањето да купи патики од 6.000 долари на …