Манекенката и глумица Лорен Хатон и’ официјално е најстара жена која досега се појавила на насловната страна на „Вог“ магазинот.
Иако ја завршила својата модна кариера, Лорен Хатон сепак не можела да го одбие отографирањето за октомвриското издание на престижниот магазин „Вог“.Така, 70. годишната манекенка се нашла на насловната на италијанскиот „Вог“, а првите впечатоци се многу добри.
Манекенката со гордост ги прифатила своите години и покажала дека дама може да биде подеднакво убава и блескава, и во осмата деценија на живот.
„Направив 40. насловни страни само за ’Вог’, од што 27. се американски, но мислам дека оваа е најважна од сите, онаа која прави да се чувствувам добро и корисно“ истакнала Хатон.
Манекенката рекла дека добро размислила за својата одлука, а тимот зад магазинот овозможил тоа да се оствари.
„Ова е насловна која може да го менува општеството, затоа што прикажува жена која е темпераментна, атрактивна, која и понатаму се смее и која по првпат е жена на мои години“ заклучила Лорен.